| |
|
Во почетокот на работењето на Институтот
беа формирани два научно-истражувачки сектори: социолошки и политиколошки.
Програмско-предметната структура на
научноистражувачката работа во доменот за социолошките истражувања
беше организирана во неколку научни групи: општа социологија, рурална
социологија, социологија на градот, социологија на културата, општествена
патологија, научноистражувачка методологија.
Политичко-правните истражувања, пак беа, насочени кон (тогашните)
општествено-политички организации, функционирањето на комуните,
собранискиот и делегатскиот систем; политичката структура на општеството
и, секако, проучувањето на самоуправниот систем и процесот на самоуправното
одлучување.
Денес, сликата на Институтот е доста
променета, а дејноста разгранета. Така, со гордост можеме да кажеме
дека денес Институтот се занимава со:
- реализација на научноистражувачки
и акциони проекти;
- екпертски услуги за широк спектар
корисници;
- постдипломски студии и одбрани на
доктороти;
- специјалистичка обука;
- организација на научни собири;
Сепак, како две клучни, би ги посочиле
научно-истражувачката и образовната дејност на Институтот.
горе
|
|