| |
|
Кадровската структура на Институтот
ја сочинуваат близу 30 вработени, од кои две третини се научно-истражувачки
кадри. Освен спомнатите, Институтот има и широка мрежа надворешни
соработници вклучени во истражувачката и наставно-научната дејнсот.
Ова е резултат на активната кадровска политика што Институтот ја
спроведува, со постојан прием на млад научен кадар и, усовршување
и стекнување со повисок степен на образование и повисоки научно-наставни
звања на вработените. Воедно во Институтот на подолг или пократок
рок, редовно престојуваат експерти или млади научни кадри
што од странство на студиски престој доаѓаат кај нас.
Посебно би напоменале дека академските
кадри на Институтот, вработени во него или неговите постојани
надворешни соработници, речиси по правило, имаат богато меѓународно
искуство стекнато преку образование или студиски престои на странски
универзитети или пак во контекстот на реализација заеднички проекти
со странски партнери, учество на меѓународни собири, симпозиуми
и конгреси и објавување трудови во странство. Разбирливо, академскиот
квалитет, професионалноста во приодот, познавањето странски јазици
и умешноста во користењето најсовремена компјутерска техника, во
контекстот на интензивната меѓународна сорабортка што Институтот
ја има, е своевиден предуслов да се биде дел од него.
Во овој контекст, би сакале да нагласиме
дека Институтот создава квалитетен научен кадар не само за
своите потреби, туку и за пошироката заедница. Имено, од основањето
до денес, од Институтот, за наставници во речиси сите наставни звања,
на Правниот, Филозофскиот и на некои други факултети заминаа 27
научни работници. Исто така, значаен број соработници на Институтот
извршуваа и извршуваат значајни државни и други функции.
горе
|
|