Организациска структура - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

Организациска структура


Статут и основна дејност

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања е научна установа во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Институтот за социолошки и политичко-правни истражувањаврши, научно-истражувачка дејност во социолошки, политички, правни, организациони, комуникациски и други научноистражувачки подрачја и врши образовна дејност на социолошки, политички, организациони и комуникациски наставно-научни области од втор и трет циклус на студии.

Библиотека

Библиотеката на Институтот учествува и дава свој придонес во креирањето на политиката на библиотечното работење во рамките на интегрираниот библиотечен систем на Универзитетот.

Библиотеката на Институтот ја собира, ја уредува и ја распоредува научната, студиската и стручната литература и на наставно-научните кадри, на соработниците и на студентите им ги дава информациите и знаењата за студиите и за научната работа, ги образува од гледна точка на употребата на библиотечниот фонд и од гледна точка на барањето информации и изработува библиографија за високообразовните наставници и научни работници.

Органи на институтот

Органи на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје се: Научен совет, директор и Институтска управа.

ИСППИ Органограм