Гостување од Универзитетот во Варниа и Мазури, Полска - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

Гостување од Универзитетот во Варниа и Мазури, Полска


Во периодот 11.07 до 19.07.2016 година на краток студиски престој во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања престојуваа проф. д-р Марчин Челминиак и проф.д-р Војчек Котовјец од Институтот за Политички науки при Универзитетот во Варниа и Мазури, Полска. За време на престојот беа остварени средби со кадарот на институтот на кои се разменија искуства поврзани со научно-истражувачката и образовната дејност на двете институции, и се разгледаа можностите за идна соработка. Беше договорено потпишување на договор за соработка на ниво на Универзитети, како и Еразмус билатерален договор за размена на студенти и научен кадар помеѓу двете институции.