ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ ЗА ВТОРИОТ БРОЈ НА ГОДИШНИКОТ НА ИСППИ ЗА 2017 - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ ЗА ВТОРИОТ БРОЈ НА ГОДИШНИКОТ НА ИСППИ ЗА 2017


Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања  – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (ИСППИ)  објавува ПОВИК за доставување на трудови за вториот број во 2017 година на меѓународното научно списание ГОДИШНИК на ИСППИ со меѓународен уредувачки одбор. Списанието излегува од 1975 година и се објавува електронски, според концептот отворен пристап, два пати годишно.

Издавањето на прифатените трудови се финансира од страна на авторот – авторите, во висина од 50 евра, во денарска противредност. Трудовите треба да бидат на Англиски јазик, а авторите се должни да обезбедат лекторирање на статијата и за тоа да приложат и соодветна изјава од лекторот.

Тудовите да се од подрачје на оштествени и хуманистички науки, а секако можат да имаат и интердисциплинарен карактер.

Освен научни трудови во ГОДИШНИКОТ ќе бидат објавувани и стручни трудови, како и осврти, прикази, белешки за научни собири и др. Сите трудови  подлежат на „слепа“ рецензија од двајца експерти од потесната област.

За сите потребни информации во врска со формата на трудовите Ве молиме погледнете го Упатството за авторите.

Краен рок за поднесување на трудови е 30.09.2017 година.

Трудовите треба да се достават на следната адреса: biblioteka@isppi.ukim.edu.mk

Уредувачки одбор на Годишникот на ИСППИ