ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА


 

 

Почитувани студенти, соработници и пријатели на ИСППИ,

Би сакале да Ве информираме дека по настанатиот пожар од големи размери, во кој делумно изгореа бараките во чии простории е сместен Институтот за социолошки и политичко–правни истражувања - УКИМ, со помош на Ректоратот на УКИМ делумно се санираа последиците од пожарот.

Штом се создадоа минимални услови за работа, од 1. јуни 2017 година вработените во ИСППИ се вратија на своите работни места и веќе редовно се одвиваат сите активности.

На Педагошкиот факултет, каде што бевме привремено сместени, особено сме му благодарни.