Заедничката студиска програма по Политички науки- Интеграција и управување - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

Заедничката студиска програма по Политички науки- Интеграција и управување


Институтот за социолошки и политичко правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со задоволство Ве кани на промоција на Заедничката студиска програма по Политички науки- Интеграција и управување (магистерски студии) PoSIGкоја ќе се одржи на 26ти Септември (11:30-14:00 часот) во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Заедничката студиска програма која произлезе од Еразмус+ проектот EuroPS им нуди на студентите интегрирано образование по меѓународни стандарди во повеќе земји од Западна Европа и Балканот. Првите два семестри студентите ги поминуваат на Универзитетот во Салзбург, Австрија или Универзитетот во Љубљана, Словенија, а следните два семестри во некоја од земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија или Косово). Конзорциумот се проширува со нови партнери меѓу кои Универзитетот во Варшава, Полска, и универзитети од Србија и Црна Гора.

Програмата доби Европска акредитација од Агенцијата за обезбедување на квалитет во Австрија, а во тек е процес на национална акредитација во земјите во кои тоа е потребно. Првата генерација студенти веќе стартува во академската 2017/2018 на Универзитетот во Салзбург!

Настанот е отворен за сите заинтересирани студенти, како и организации и институции кои имаат потреба од кадар квалификуван да одговори на предизвиците на европската интеграција на регионов.

Ве очекуваме! 

Со почит,

Анета Цекиќ, Координатор на проектот за ИСППИ