Во потрага по изгубеното јавно мислење: истражувачки проблеми и предизвици - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

Во потрага по изгубеното јавно мислење: истражувачки проблеми и предизвици


Почитуван/а,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на тркалезната маса Во потрага по изгубеното јавно мислење: истражувачки проблеми и предизвици организирана од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Резултатите од ова истражување кое опфати голем број државни и локални иституции ќе бидат претставени во рамките на циклусот презентации наречен „НАУЧНА СРЕДА“ на 4.10.2017 во ИСППИ, со почеток во 12:00 часот.

На тркалезна маса ќе земат збор претставници на научната и истражувачката јавност во Република Македонија. Целта на оваа средба е разгледување на состојбите околу овие истражувања и нивната применливост, како и подигање на свеста за нивната неопходност.

ДНЕВЕН РЕД

12:00 часот/ Воведни излагања

  • Обраќање на проф. д-р Мирјана Борота-Поповска, Директор на ИСППИ;
  • Вон.проф.д-р Горан Јанев (Раководител на проектот);        
  • Проф.д-р Мирјана Најчевска - Историски осврт на истражувањата на јавно мислење спроведени од ИСППИ;
  • Вон.проф.д-р Елеонора Серафимовска - Презентација на истражувачки резултати.

Дискусија/ модератор вонр.проф.д-р Горан Јанев

    Воведни дискутанти:

  • Проф.д-р Виолета Петроска - Бешка (Институт за психологија, Филозофски факултет);
  • Проф.д-р Петар Атанасов (Претседател на собраниската Комисија за образование, наука и спорт);
  • М-р Златко Атанасов (Раководител на Парламентарениот институт при Собранието на РМ);
  • М-р Илина Мангова (Меѓународен Републикански Институт);
  • М-р Марко Трошановски (Институт за демократија – Социетас Цивилис).

Со почит,

Проф. д-р Мирјана Боротa Поповска

Директор на ИСППИ