Проф. Д-р Наташа Габер-Дамјановска - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

Проф. Д-р Наташа Габер-Дамјановска


 

Место и датум на раѓање: Скопје, 09.10.1962

Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во учебната 1984/85, со среден успех 9,14.

Последипломски студии: Магистрирала на Правниот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“-Скопје, насока Политички и политичко-правни науки, со магистерскиот труд под наслов „Улогата на ПАСОК во социјалистичкото движење на Република Грција“ одбранет во 1990 година, при што се здобила со академски степен - магистер на политичко-правни науки;

Докторирала на во Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје во 1995 година со дисертација под наслов „Мнозинството во системот на политичкото и парламентарното одлучување“ и се здобила со звање доктор по политички науки.

Вработување: Од април 1985 година до октомври 2008 година била вработена во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје; од 7 октомври 2008 до 7 октомври 2017 година ја извршува функцијата уставен судија во Уставниот суд на Република Македонија. По завршувањето на мандатот се враќа во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, а од 24 јануари 2018 ја обавува функцијата в.д. директор на Институтот.

Стекнати и реизбрани научни и наставни звања научен советник и редовен професор.

Јазици: грчки и англиски активно, делумно владеење со француски и италијански.

Била вклучена во бројни научни проекти и е автор на бројни стручни и научни трудови, стратешки документи, евалуации, истражувања и анализи. Исто така, работела во комисии за подготовка на закони, национални програми и реформски активности.