Научна Среда - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

Научна Среда


Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”- Скопје Ве поканува на четвртата по ред „НАУЧНА СРЕДА“ на тема „Интересни групи и лобирање во Македонија, Србија и Црна Гора“ која ќе се одржи на 15.06.2016 год. во просториите на Институтот, со почеток во 12:00 часот. На истата ќе бидат презентирани податоци од истражувањето на горенаведената тема, реализирано како дел од студискиот престој на вонр. проф. д-р Анета Цекиќ на Универзитетот во Салзбург, Австрија, по што ќе следи дискусија. Во таа смисла, ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку присуствувате на овој настан.