| |
|
Пред 35 години, со Одлука на Универзитетскиот
совет на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје
е формиран Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања
со задача:
- научно да ги проучува социолошките
и политичко-правните појави во земјата, да го поттикнува и организира
проучувањето на прашањата од социолошките и политичко-правните
науки и од развитокот на општеството;
- да ги разработува и усовршува истражувачките
методи во општествените науки;
- да работи на усовршување на научните
кадри и да подготвува научен подмладок од областа на социолошките
и политичко-правните науки;
- да обезбедува материјални и други
услови за студиска и истражувачка работа;
- да организира разни форми на работа
со стручни кадри, заради нивно оспособување за самостојна научна
работа;
- да организира собирање на документација
за изведување на практична настава и вежби на наставата на факултетите
и општествените науки на Универзитетот во Скопје;
- да обезбедува настава од сите степени
по општествени науки за сите факултети на Универзитетот во Скопје;
- да организира претставување на проблемите
од областа на социиолошките и политичко-правните науки по пат
на советувања, дискусии и други погодни форми;
- да ги обезбедува и непосредно соопштува
резултатите од својата научноистражувачка работа;
- да издава публикации;
- да развива сестрана научна соработка
со соодветните установи, организации и поединци што се занимаваат
со проучување на социолошките и политичко-правните науки во земјата
и странство (од Одлуката).
Оваа Одлука на Универзитетскиот совет,
според тогашната процедура, ја потврди Извршниот совет на Собранието
на СРМ на 5.02 1965 година, а Институтот започна со работа на 18
октомври истата година.
горе
|
|