Јавен повик за ангажирање на анкетари

Јавен повик за ангажирање на анкетари

За потребите на спроведување на 10-от бран на Европското општествено истражување во Република Северна Македонија, проект финансиран од Министерството за образование и наука, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања - Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје“, објавува јавен повик за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведување на теренскиот дел на истражувањето, во период од 01.09.2021 до 31.12.2021 година.

Работната задача се состои во извршување на анкета „лице в лице“ со помош на компјутер во градски и селски населби. Работниот ангажман на избраните кандидати ќе се заснoва на Договор за дело. За избраните кандидати ќе биде организирана задолжителна обука.

Работата ќе се одвива според утврден Ковид протокол и опрема обезбедена од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Кандидатите кои ќе се пријават на овој повик, потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

1. Задолжителни критериуми:
    - да се државјани на Република Северна Македонија;
    - да имаат завршено најмалку средно образование
    - познавање на работа со персонални компјутери

2. Дополнителни критериуми:
    - познавање на албански јазик (само за избор на анкетари во регионите каде живее население со албанска етничка припадност)

3. Предност при избор на кандидати:
    - искуство во спроведување на анкета „лице в лице“ со помош на компјутер/таблет
    - претходно работно искуство како анкетар 
    - да немаат засновано работен однос
    - високо образование

Заинтересираните кандидати треба се пријават преку електронскиот формулар на следниот линк:

Потребните документи што кандидатите треба да ги прикачат се:

  • Работна биографија (Curriculum Vitae - CV);
  • Доказ за претходно работно искуство како анкетар (препораки, договори за ангажман, потврди и сл.) (опционално).

Пријавите со некомплетни документи нема да бидат разгледувани.


За дополнителни информации можете да се обратите на ess@isppi.ukim.edu.mk или на 070 263 488, секој работен ден 10-15ч.