Визија и цели

Визија

Водечка институција препознатлива по квалитетот на научно-истражувачката работа и истражувачки ориентирано образование.

Мисија

Двигател на позитивни општествени промени преку реализација на квалитетни научно истражувачки проекти и истражувачки орентирано образование.

Цели

  • Наука: Реализација на квалитетни домашни и меѓународно признаени фундаментални и применети истражувања во сите истражувачки области застапени во ИСППИ.
  • Образование: Развој и употреба на современа истражувачка методологија во реализацијата на постдипломските и докторските студии, примена на новите сознанија во секое подрачје на студирање и зголемување на соработката со реалниот сектор во насока на подобрување на квалификациите на студентите.
  • Меѓународна соработка и мобилност на студенти: Збогатување на меѓународната соработка, вмрежување и стратешко партнерство на ИСППИ со институции, организации и асоциијации во соодветните научни полиња на истражување и делување.

 

  • Промоција и соработка со јавност: Промовирање на научните достигања и презентација на резултатите од истражувањата на домашен и меѓународен план и поттикнување на дискусија во јавноста за истражуваната проблематика.
  • Организација, менаџмент и финансии: Подобрување на работните и условите за студирање и обезбедување на континуирано научно истражувачко финансирање.