Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

 

Повик за меѓународна научна конференција:
The impact of the quality of institutions on sustainable development – 23-24 Mај 2024

(Институт за општествени науки – Белград, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје,
УКИМ, и Правен факултет, Универзитет во Зеница)

преземи

Историјат на ИСППИ

Одлука за основање

Пред 50 години, со Одлука на Универзитетскиот совет на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје е формиран Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања со задача:

isppi resenie osnovanje
  • научно да ги проучува социолошките и политичко-правните појави во земјата, да го поттикнува и организира проучувањето на прашањата од социолошките и политичко-правните науки и од развитокот на општеството;
  • да ги разработува и усовршува истражувачките методи во општествените науки;
  • да работи на усовршување на научните кадри и да подготвува научен подмладок од областа на социолошките и политичко-правните науки;
  • да обезбедува материјални и други услови за студиска и истражувачка работа;
  • да организира разни форми на работа со стручни кадри, заради нивно оспособување за самостојна научна работа;
  • да организира собирање на документација за изведување на практична настава и вежби на наставата на факултетите и општествените науки на Универзитетот во Скопје;
  • да обезбедува настава од сите степени по општествени науки за сите факултети на Универзитетот во Скопје;
  • да организира претставување на проблемите од областа на социиолошките и политичко-правните науки по пат на советувања, дискусии и други погодни форми;
  • да ги обезбедува и непосредно соопштува резултатите од својата научноистражувачка работа;
  • да издава публикации;
  • да развива сестрана нучна соработка со соодветните установи, организации и поединци што се занимаваат со проучување на социолошките и политичко-правните науки во земјата и странство (од Одлуката).

Оваа Одлука на Универзитетскиот совет, според тогашната процедура, ја потврди Извршниот совет на Собранието на СРМ на 5.02 1965 година, а Институтот започна со работа на 18 октомври истата година.