Студии од втор циклус по Менаџмент на човечки ресурси

Постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси претставуваат прв студиум од областа, кој е основан во земјата (во 1991 год., во соработка со  Мастрихт Школата за менаџмент, Холандија). При реализација на студиите се поаѓа од холистичкиот пристап на третирање на организацијата, како доминантен објект на проучување, и улогата на човечките ресурси во неа, со нагласен апликативен развоен карактер: од дијагноза на состојбите, преку проектирање, до имплементирање на решенија за менување на состојбите кои ги засегаат човечките ресурси.

Во таа насока, студентите се охрабруваат своите семинарски и магистерски трудови да ги темелат на реални проблеми и конкретни организации. Интересите на поединците и кандидатите што се дел од постдипломските студии се задоволуваат со системот на изборни предмети. Предметните програми предвидени со наставниот план се базирани врз компетенции и овозможуваат продолжување на универзитетски студии од трет циклус. Цел на оваа студиска програма е да им овозможи на студентите да стекнат продлабочени знаења од областа на менаџментот на човечките ресурси, како и специфични знаења од истата област поврзана со другите области на организациските науки, како и примена на знаењата во деловна средина.

Студиската програма ги задоволува образовните потреби за следните позиции:

  • Професионалец за човечките ресурси: раководител или извршител во одделот за ЧР, професионалец за одделни аспекти на третманот на ЧР во владини или приватни организации: министерства, локална самоуправа, агенции за посредување при вработување, компании, консултански фирми;
  • Менаџер на мала или средна фирма или функциски менаџер во средна или голема фирма, раководител во јавна институција (образовна, здравствена, социјална и сл.);
  • Консултант за менаџмент и менаџент на човечки ресурси.

 

Знаење, вештини и компетенции со кои студентите се стекнуваат

знаења и разбирање

Високо ниво на знаење од областа менаџмент на човечки ресурси , вклучително детални знаења за пооделните функциии (планирање, регутирање, селекција, оценување, професионален развој, мотивирање, управување со работните односи и економика на трудовите ресурси) и нивната примена во реални ситуации.

-Знаење и разбирање како менаџментот на човечки ресурси е поврзан со стратегијата на организацијата и општиот менаџмент. Знаење да се направи екстерна и интерна стратегиска евалуација и да се креира стратегија за човечки ресурси што ќе придонесе за деловната стратегија.

-Разбирање и умеење да се применат методологии соодветни за решавање сложени проблеми во организацијата од аспект на менаџмент на човечки ресурси, стратегиски менаџмент, економика на трудови ресурси, оперативен менаџмент, менаџмент на квалитет.

-Поседување систематизирано знаење, за областа менаџмент на човечки ресурси, како и со другите поврзани предметни области од организациски науки, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражувањето на областа менаџмент на човечки ресурси.

-Поседување знаење од организациските науки и специфично од областа менаџмент на човечки ресурси кое се базира на реномирани меѓународни истражувања.

- Знаење да се креира и спроведе емпириско истражување со соодветна употреба на методологија и познавање за сите фази на истражувачкиот процес (подготовка, реализација, толкување на резултатите и пишување на истражувачки извештај)

примена на знаењето и

разбирањето

Способност да се препознаваат трендовите на бизнисот и нивното влијание врз стратегијата на организацијата.

- Развој на стратегиите за човечки ресурси врз основа на стекнатите знаења, така што ќе придонесат за деловната стратегија.

-Способност да се обликува и развива организациската култура преку фацилитирање на промените со креирање решенија за подобро прилагодување на вработените.

-Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми од областа на човечки ресурси особено оние од стратешка природа, како што се: регрутирање, обука, професионален и кариерен развој, надоместоци и бенифиции.

-Употреба на технологија за управување со човечки ресурси, како и за водење и креирање евиденција за човечките ресурси.

-Знаење да се применат мерила за успехот на човеките ресурси во организацијата со користење аналитички мерки.

-Способност да се спроведат конкретни истражувања во организацијата за да се измери задоволството од работното место, посветеноста, лојалноста и флуктуација.

-Способност практично да се примени теоретското знаењето во

организации од различна дејност, големина, животен циклус и место на работење (национални и мултинационални).

- Знаење да се применат стандардите и законските одреби од областа на работни односи, недискриминација, мобинг, однос со синдикати и да се примени критичка евалуација на фактите за решавање на бизнис проблеми.

способност за проценка

Способност за синтетизирање и интегрирање на деловните стратеги и стратегиите за МЧР за решавање на комплексни проблеми како и за секојдневни ад хок ситуации.

-Способност за справување со сложени прашања поврзани со

менаџментот на човечки ресурси кои имаат допирни точки со другите аспекти на работењето во организацијата.

-Доставување на резултати со интегритет врз основа на способност да се направи проценка на комплексни проблеми, како што се селекциски методи, програми за напредување и обука, планирање на човечките ресурси, управување со ризици и односи со вработените.

  • Споделување на систематизирани информации на сите нивоа на организацијата
  • Влијание врз другите , набљудување, преземање соодветни ризици во ситуации кога има некомплетни и ограничени информации,
  • Градење релации врз основа на доверба, што подразбира изграден личен интегритет и способност да креира организациски кодекси

базирани на етички принципи со сенс за личните и општествените вредности.

комуникациски вештини

Способност за користење на напредна технологија и вистински избор на медиум на комуникација, како и со употреба на напредни презентерски вештини да се креираат и споделуваат информациите јасно, концизно и навремено.

-Способност за преговарање и справување со конфликтни ситуации.

-Умешно водење на работни состаноци и преземање одговорност за заедничките резултати.

- Водење и иницирање на активна комуникација, со голема свесност за бариерите на ефективната комуникација

вештини на учење

Способност за препознавање на личната и организациската потреба за понатамошно знаење.

-Способност за креирање на талент менаџмент систем како подршка за стекнување на знаење и вештини на вработените во доменот на интерес.

-Креирање на политики за професионален развој, со користење на соодветни менаџмент алатки со кои ќе направи анализа на потребите.

-Способност за правење стратегии за професионален развој на ново на организација.

-Способност за креирање и реализирање на кратки тренинг програми наменети за вработените за унапредување на генеричките вештини

 

Раководител

Вон. проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ  marija_t@isppi.ukim.edu.mk  

Телефон за контакт: 078336366