УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ објавува КОНКУРС за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции во програмските држави:
- државите членки на ЕУ;
- државите членки на ЕФТА кои се и членки на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн);
- Република Србија и Република Турција.
Конкурсот е отворен за:
- 15 студентски мобилности за студирање
Времетраење на студентска мобилност за студирање: еден семестар (зимски семестар)
Право на пријавување
Редовни студенти на:
- прв циклус студии, со најмалку завршена прва година на студии, односно запишан трет семестар;
- втор циклус студии;
- трет циклус студии.