Овој студиум се занимава со клучот за социјалната интеграција, а со тоа и човечкиот опстанок - комуникацијата. Во 21-от век, кога комуникацијата, и вербалната и невербалната е во основата на сè што правиме, кога светот стана глобална заедница, но и голем предизвик за интегрирање на луѓе со различно културно и јазично потекло, овој студиум има за цел стекнување знаења за интерперсоналната и масовна комуникација, функцијата, елементите и процесите на комуникација, вербалните и невербалните знаци и однесувања, моделите на социјално однесување; знаења за градење на меѓусебна доверба во комуникацискот процес, разрешување на конфликти, лидерство, градење на тимови, поефективно комуницирање со технологијата, како и знаења за начинот на следење на масовните медиуми, битисувањето и користењето на сајбер просторот.
Постдипломските студии по комуникации се дизајнирани како студии кои опфаќаaт анализа и теорија на динамиката на целосниот комуникациски процес во модерното општество. Методолошкиот пристап во студирањето има за цел примена на интегриран и интердисциплинарен пристап кој се темели на класичните но, и модерни методи на општествените науки. Заедно со изучувањето и примената на пошироките области на комуникациската и социо-политичката теорија, целите на студиите се да овозможуваат развивање на палета различни пристапи за примена на моќни облици за анализа на медиумските системи и медиумските пораки.
Студиите се занимаваат со општествено-социјалниот контекст во кој се одвива комуникацијата, и со културните и идеолошки импликации кои се резултат на тие комуникациски процеси, како и со влијанието на комуникациските и медиски технологии во мултимедијалното опкружување. Во студиите, со помал обем, е вклучено и изучувањето на интерперсоналната комуникација. Сите наведени аспекти на студиите, особено примерите за анализа и примена на теоретските принципи, кога тоа е можно, се применуваат во контекст на современата реалност на македонското општество, но сепак сместени во пошироки европски и светски рамки.
Магистрантите, по успешното завршување на програмата, се стекнуваат со звање магистер по комуникации, со можност за вработување во различни области, како на пример: односи со јавност, образование, менаџмент и други административни дејности. Овие студии се наменети за кандидати кои претендираат на вработување (или се веќе вработени) во медиумската и културна индустрија- особено во телевизијата, радиото, печатот и издавачката дејност, како и во едукација и тренинг.
Првите студенти на оваа студиска програма се запишани во учебната 1980/81 година.
Знаење, вештини и компетенции со кои студентите се стекнуваат
знаења и разбирање |
Знае да креира емпириско истражување со соодветна употреба на методологија и има познавање на сите фази на истражувачкиот процес (подготовка, реализација, толкување на резултатите и пишување на истражувачки извештај). Покажува високо специјализирано знаење во областа на комуникологијата и медиумската индустрија. Се оспособува за самостојна анализа на теориските концепти во комуникологијата. Се оспособува за оригинално и самостојно истражување, како и практична апликација на резултатите. |
примена на знаењето и разбирањето |
Способност за примена на знаењето во врска со истражуваните феномени. Способност за комуниколошка анализа на медиумите и културната индустрија како контекстуална анализа во различни општества. Се специјализира за истражување на медиумите со примена на новите методологии. |
способност за проценка |
Способност за критичка анализа на комуниколошките теории во различни социјални контексти. Способност за критичко преиспитување на постоечки меѓународни и сопствени бази на податоци. Поставување на хипотетски модели и нивна критичка и аргументирана проверка во конкретни контексти. |
комуникациски вештини |
Вештина за критичко преиспитување и анализа на постоечките научни согледувања во областа на комуникологијата и медиумите. Вештина за изработка на сопствени концепти и научна аргументација вградени во сопствени научни дела и комуникација на истите со средината. Способност за менаџирање на проекти кои се занимаваат со истражување на медиумската и културната индустрија во различни општества. Способност за компаративна анализа на истражувачки податоци по хоризонтала и вертикала. |
вештини на учење |
Поседува вештини за самостојно истражување, организација и водство во проектни тимови. Има развиена способност за изработка на нови стратегии во областа на медиумската и културната индустрија со инкорпорирање и аргументација на релевантноста на постоечките сознанија од областа. |