Научна Среда

Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во рамки на остварување на сопствената мисија и работна програма  започнува  со реализација на манифестацијата  “ Научна среда”.  Oваа манифестација  ќе се организира во текот   на учебната година,  минимум еднаш во месецот,  во среда, и ќе биде во форма на  јавен настан во кој ќе се промовираат истражувачки резултати од институтски проекти, или  панели на кои ќе се дискутира на научна основа за клучни општествени феномени за кои институтот има  професионален кадар.

Целта на “Научната среда” е  промовирање на  науката , размена на истражувачки сознанија меѓу  истражувачите од  домашната и меѓународната академската заедница , анимирање  и подигање на нивото на информираност на пошироката јавност и сите засегнати страни и нивно активно вклучување, со посебен акцент на  вклучување на  младата популација.

Фокусот е на полуларизирање на науката и унапредување на транспарентноста  во работењето на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, што ќе се постигне со унапредување и интензивирање на сортаботката со сите медиуми и сите засегнати страни.

 

 

 

 

ПРОЕКТИ ОД НАУЧНА СРЕДА

Дали нестабилните општества можат да поддржуваат стабилни држави? Случаи на Босна, Црна Гора, Косово и Северна Македонија

 

На 13 април 2022 година, од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, беше организирана јавна Научна среда, во чии рамки беа презентирани истражувачки теми под наслов; „Дали нестабилни општества може да поддржуваат стабилни држави – случаи на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија“. 

Научната среда беше одржана во форма на онлајн Работилница на која беа презентирани резултати од проектот на кој во изминатите месеци работеше тим од ИСППИ. Ова е прва јавна презентација на сознанијата до кои дојде истражувачкиот тим, согласно почетните истражувачки прашања.  

На настанот присуствуваа и зедоа учество професори, научни работници и експерти од универзитетската фела. Беа презентирани 4 истражувачки теми: 

Проф. д-р Петар Атанасов - Босна и Херцеговина: Политизацијата на етничноста, етно-религискиот идентитет и процесите на интеграција/дезинтеграција 

Проф. д-р Славејко Сасајковски - БиХ, Црна Гора, Косово, Северна Македонија - политичко-правни детерминанти на државните и општествени дезинтеграции 

Проф. д-р Панде Лазаревски - Држави со спорен суверенитет - замрзнати конфликти во поделени општества 

Доц. д-р Дритон Маљиќи - Социјалните конфликти во Црна Гора и Косово

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и натаму ќе продолжи со јавни предавања и презентации како во врска со истражувањата во кои се вклучени научни работници и професори од Институтот, така и во однос на актуелни општествено-политички теми.