НАСТАНИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2024: Политики за социјална инклузија: Работен настан на ИСППИ и АМСЈИЕ во Скопје

ИСППИ и АМСЈИЕ

Мрежата е основана во 2016 година од страна на научни и образовни институции од Србија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Германија, а има за цел да развива соработка на научните и стручните чинители во областа на социјалната инклузија и мултикултурни општества.

На настанот говореа:

проф. д-р Бојана Наумовска, директорка на ИСППИ

д-р Горан Башиќ, директор на Институтот за општествени науки во Белград и претседател на АМСЈИЕ

проф. д-р Мирјана Најчевска, експертка за човекови права

м-р Љуан Имери, модератор.

Својот исклучително значаен, содржински и длабински придонес за темата го дадоа присутните претставници од: Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, Народниот правобранител, Државниот завод за статистика, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ХЕРА, Младинскиот сојуз, како и колегите од ИСППИ - проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ и проф. д-р Петар Атанасов.

Повеќе за АМСЈИЕ и меѓународната соработка на линкот: https://ancsee.org/

ИСППИ и АМСЈИЕ 1

ИСППИ и АМСЈИЕ 2

ИСППИ и АМСЈИЕ 3

ИСППИ и АМСЈИЕ 4

ИСППИ и АМСЈИЕ 5