Студии од втор циклус по Општествен развој

Целта на студиите од втор циклус „Општествен развој” е да понуди интердицсиплинарно знаење и способност за анализи од значење за социо-економскиот развој воопшто и особено на Република Северна Македонија. Областа на студиите по „Општествен развој„ паралелно изучува повеќе дисциплини: социологија, економија, политички науки, право, организациски науки, антропологија, демографија, психологија и култура, а со цел поддршка на развојните политики и оптимално користење на природните ресурси, водењето активна популациона политика и справување со сиромаштијата и нееднаквоста, поддршка на бизнисот и на институциите на пазарната економија, како и промовирање на човековите права и демократијата.

Светот стана „глобален”, и во придобивките и во проблемите, наметнувајќи преиспитување на досегашниот светоглед, доктрини, политики, стратегии и го става на голем тест капацитетот за критичко промислување на актуелниот миг и на перспективите што се навестуваат, капацитетот да се прифати и да се живее со новата реалност, со новите предизвици, со препознавањето на можностите што се отвораат, но и со избегнувањето на стапицата на комотното и некритично гледање на работите низ призмата на тоа што e надживеано.

Нашата земја не е исклучок од таа нова реалност. Брзината и содржината на општествените промени и на способноста да се биде дел од новите развојни трендови најдиректно се одразува врз секојдневието на обичниот човек, на семејствата, на генерациите што стасуваат. Програмата е наменета за кандидати кои имаат завршено додипломскистудии, пред сé по социологија, економија, право, организациони науки, политичкинауки и други општествени науки и кои покажуваат интерес за погоре кажаното.

Магистрантите, по успешното завршување на програмата ќе се стекнат со звање Магистер по општествен развој, со можност за вработување и градење кариера, согласно потребите на пазарот на трудот, во академски институции (факултети при универзитети) и особено во развојни и истражувачки институти, органи на државната и локалната власт, приватни компании, јавни претпријатија, маркетинг и ПР фирми, НВО, како и во меѓународни организации и фондации.

Оваа програма се организира од учебната 2014/15 година.

Знаење, вештини и компетенции со кои студентите се стекнуваат

знаења и разбирање

Високо ниво на знаење од областа на развојот

Разбира и може да примени методологии соодветни за решавање на сложени развојни проблеми.

Поседува систематизирано знаење, за областа на социо- економскиот развој, како и со другите поврзани предметни области од економските, социолошките, правните, организациските, политиколошките и другите општествени науки, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражувањето на областа.

Поседува специфично знаење од областа на развојот кое е базирано на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.

Знае да креира емпириско истражување со соодветна употреба на методологија и има познавање на сите фази на истражувачкиот процес (подготовка, реализација, толкување на резултатите и пишување на истражувачки извештај)

примена на знаењето и

разбирањето

Знаење за примена на теоретски знаења за решавање на конкретни развојни проблеми и критичко проценување на алтернативни развојни концепти и политики;

Способност за анализирање на проблеми, вештини кои се потребни при истражување и за произведување на нови сознанија и нивно интегрирање во различни научни области;

Знаење за водење на комплексни проекти во областа на општествено-економскиот развој;

Знаење за обезбедување и ефикасно користење на домашни и странски инвестиции за финансирање на развојот;

Знаење за дизајнирање и практикување на одржлив развој на макро и микро ниво.

способност за проценка

Способност за ситуирање на човекот во неговиот личен, социјален и културен контекст (семејство, работа, општествени рамки) и способност за анализа, синтеза и предвидувања на ефектите на развојната политика;

Способност за идентификување и предвидување на сложените развојни проблеми;

Способност за обликување и имплементација на развојни стратегии за општеството во целина, региони и локални заедници, формулирање и спроведување на фундаменталните развојни мерки;

Способност за развојни и научни истражувања од областа на реален јавен сектор и непрофитни организации;

Способност да направи проценка на комплексни проблеми на систематски и креативен начин и превзема соодветни ризици и во ситуации кога има некомплетни и ограничени информации да може да донесе одлука;

Способност да направи проценка врз основа на стекнатото знаење да носи етички базирани одлуки, со сенс за личните и општествените вредности.

комуникациски вештини

Способност со користење на напредна технологија и вистински избор на медиум на комуникација, како и со употреба на напредни презентерски вештини да ги креира и споделува информациите јасно, концизно и навремено;

Способност за преговарање и справување со конфликтни ситуации;

Умешно водење на работни состаноци и преземање одговорност за заедничките резултати;

Водење и иницирање на активна комуникација, со голема свесност за бариерите на ефективната комуникација.

вештини на учење

Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење.

Вештини за истражување и анализа на конкретни развојни проблеми, како и вештини за презентации и академско пишување во научни публикации;

Вештини за критичко размислување и анализа на литература од областа на развојната политика;

Вештини за проектно менаџирање на научно-истражувачка работа и академска комуникација на меѓународен план.

Раководител

Проф.д-р Панде Лазаревски pande.lazarevski2@gmail.com

Телефон за контакт 071399002