Со особена чест споделуваме дека ИСППИ стана членка на CEEMAN.
CEEMAN е реномирана меѓународна асоцијација основана во 1993 година, која обединува околу 180 институции од над 50 земји ширум светот и активно придонесува кон унапредување на квалитетот и иновациите во образованието за менаџмент.
Ова членство претставува потврда за долгорочната ориентираност на Институтот кон образованието за менаџмент, која повеќе од 30 години континуирано се развива преку студиски програми од втор и трет циклус, како и преку активен придонес кон академската и професионалната заедница.
Со приклучувањето кон оваа глобална мрежа, Институтот дополнително ги зајакнува своите позиции во меѓународниот академски простор, отворајќи нови можности за соработка, размена на знаење и вклучување во современи образовни и истражувачки иницијативи.