Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

 

Повик за меѓународна научна конференција:
The impact of the quality of institutions on sustainable development – 23-24 Mај 2024

(Институт за општествени науки – Белград, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје,
УКИМ, и Правен факултет, Универзитет во Зеница)

преземи

Студии од втор циклус по Политички науки и човекови права

Студиската програма „Политички науки и човекови права“ има за цел да им обезбеди на студентите продлабочено и сеопфатно разбирање на политичките прашања со фокусирање на темата на човековите права. Цел на студиската програма е подигање на капацитетите на идниот академски и политиколошки кадар да ги анализира современите политички процеси во контекстот и низ призмата на глобалната институционализација на човековите права. Државата, нацијата, владеењето, политичките субјекти и политичките процеси, политичките системи и политичкото однесување, се поставени во контекстот на современото разбирање на човековите права и основни слободи.

Специфичните прашања на кои ќе биде посветено посебно внимание се однесуваат на: разрешувањето на контрадикцијата меѓу теоријата за универзалните човекови права и секојдневната пракса на повреда на човековите права; меѓусебното влијание на суверенитетот и универзалноста на човековите права; соодносот меѓу политичките институции, политичките активности и конфликтите; основните детерминанти на современите политички структуирања; алатките кои можат да бидат искористени со цел анализа на политичките активности низ призмата на човековите права; дали може различните култури да коегзистираат хармонично; како треба заедниците да реагираат на насилството од страна на државата и идеолошкиот екстремизам; што претставува безбедноста разбрана како човекова безбедност.

Магистрантите, по успешното завршување на програмата, се стекнуваат со звање магистер по политички науки и човекови права, со можност за кариера во различни области, како на пример: политика, образование, истражувачка дејност, јавна и државна администрација, медиуми, меѓународни организации, асоцијации на граѓани/невладини организации.

Првите студенти на оваа студиска програма се запишани во учебната 1967/68 година.

Знаење, вештини и компетенции со кои студентите се стекнуваат

знаења и разбирање

Знае да креира емпириско истражување со соодветна употреба на методологија и има познавање на сите фази на истражувачкиот процес (подготовка, реализација, толкување на резултатите и пишување на истражувачки извештај).

Покажува високо специјализирано знаење во областа на современите политички теории и практики ставени во контекстот на човековите права и менаџирањето на конфликтите.

Се оспособува за самостојна анализа

на теориските концепти.

Се оспособува за оригинално и самостојно истражување, како и практична апликација на резултатите.

 

примена на знаењето и

разбирањето

Способност за анализа, примена на знаењето во врска со

истражуваните феномени.

Способност за продлабочена анализа на политичките настани, оспособеност за дебати, аргументиран настап и развој на спецификувани стратегии.

Се специјализира за истражување на глобалните политики низ призмата на човековите права и менаџирањето на конфликтите

способност за проценка

Способност за критичка анализа на политичките ситуации и антиципација на одредени практики. Способност за критичко

преиспитување на постоечки меѓународни и сопствени бази на

податоци.

Поставување на хипотетски модели и нивна критичка и аргументирана проверка во конкретни контексти.

комуникациски вештини

Вештина за критичко преиспитување и анализа на постоечките

научни согледувања во областа на глобалните политики, процена на политичките случувања низ прозмата на повеќезначноста на процесите на глобализација. Вештина за изработка на сопствени концепти и научна аргументација вградени во сопствени научни дела.

Способност за менаџирање на проекти кои се занимаваат со

истражување на современите политики.

Способност за компаративна анализа на истражувачки податоци по хоризонтала и вертикала.

вештини на учење

Поседува вештина за самостојно истражување, организација и водство во проектни тимови. Има развиена способност за изработка на нови стратегии во областа на политиката со инкорпорирање и аргументација на релевантноста на постоечките сознанија од областа.

Раководител

Вонр. проф. д-р Бојана Наумовска bojana@isppi.ukim.edu.mk

Телефон за контакт 072275257