Пензиониран кадар Д-р Климе Бабунски

Д-р Климе Бабунски

Д-р Климе Бабунски – стручен советник. Вработен е во ИСППИ од 1982 година и е раководител на Одделение за применети истражувања, издаваштво и научна документација. Во 1981 година дипломирал на Интердисциплинарни студии по новинарство; во 1994 година магистрирал на Правниот факултет на тема: Концепцијата на политичката комуникација во радиодифузијата во првите повеќепартиски избори во Македонија; и во 2013 година, во Институтот докторирал на тема: Промени во јавниот радиодифузен сервис и неговата улога во создавање на демократската јавност.

Негови главни полиња на професионален интерес се: комуникациски политики и медиумски сис- теми, слобода на информирање и слободен пристап до информации, јавно мислење и односи со јавност. Има учествувано во повеќе од 90 домашни и меѓународни научноистражувачки проекти, фокусирани на повеќе области и теми, како: демократизација на медиумите и на политичката јавност, политичка, масмедиумска и меѓуетничка комуникација, транзиција и демократизација во општеството, корупција и неформални општествени структурирања, јакнење на граѓанското оп- штество и сл. Во рамките на ваквата истражувачка активност се јавува и како автор на повеќе истражувачки студии и научни трудови.

klimeb@isppi.ukim.edu.mk
Тел: 02/3061-119, 02/3063-827 локал 225