Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

 

Повик за меѓународна научна конференција:
The impact of the quality of institutions on sustainable development – 23-24 Mај 2024

(Институт за општествени науки – Белград, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје,
УКИМ, и Правен факултет, Универзитет во Зеница)

преземи

Повик: Вебинар за управување со истражувачки податоци (26 октомври 2022)

Архивот за истражувачки податоци од општествените науки на Република Северна Македонија (МК АИПОН) при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје (ИСППИ-УКИМ), организира вебинар на тема: Управување со истражувачки податоци од општествените науки. Вебинарот ќе се одржи на 26 октомври 2022 година (среда), од 10 до 14 часот, на онлајн платформата ZOOM.

Вебинарот има за цел да ги запознае истражувачите со основните концепти на отворената наука: важноста на зачувувањето и документацијата на истражувачките податоци; процесот на управување со податоците низ сите фази на истражувачките проекти; како и да обезбеди насоки за самостојно изготвување на План за управување со податоци (Data management plan). Таквите планови сé почесто се задолжителен дел од апликациите за добивање средства за истражувачи проекти (особено за програмите за наука на Европската Унија, како Хоризонт 2020). 

Вебинарот е наменет за наставниот кадар и докторандите од универзитетските и истражувачките институции, како и за заинтересираните истражувачи од невладиниот сектор или независни истражувачи. Работен јазик е македонскиот.

Вебинарот е бесплатен, а се спроведува во рамки на Работната програма 2021—2022 на Конзорциумот на европски архиви за истражувачки податоци од општествените науки (Consortium of European Social Science Data Archives- CESSDA ERIC  ).

Вебинарот ќе го спроведат истражувачи од ИСППИ- УКИМ, а програмата за истиот е во прилог.

 

За учество, потребна е регистрација на овој линк