Проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ е родена во Скопје, 1981 година. Со научен степен магистер на менаџмент на човечки ресурси се стекнува во 2008 година, додека во 2011 со научен степен - доктор на организациски науки /менаџмент. Во Институтот за социолошки и политичко–правни истражувања работи од 2006 година, најпрво како помлад асистент – истражувач. Во 2021 година е избрана во звање редовен професор по управување на човечки ресурси и истражувачка методологија во бизнис и менаџмент.
Во периодот 2015-2019 година била раководител на секторот за наставно-образовна дејност и член на институтската управа, од 2019 и се уште е координатор на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси, раководител на одделението за организациони науки, и член на институтската управа.
Во текот на својата академска кариера активно учествува во научноистражувачката и апликативната работа на Институтот, како и во наставните активности на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси, и на докторските студии по организациски науки и управување (менаџмент) и социологија на организацијата, при што е предметен наставник на неколку предмети (МЧР, методологија, организациско однесување и водство). Има објавено над 30 научни трудови, во реномирани домашни и меѓународни научни списанија и публикации, како и монографии, објавени во земјата или во странство. Како раководител или член на истражувачки тим, учествувала во повеќе проекти, реализирани преку програмите ЕРАЗМУС+, програма за партиципација на УНЕСКО, Хоризонт 2020, ИПА, како и во соработка со Фридрих Еберт Фондација, Британски Совет, Вестминстер фондација за демократија, GIZ, Foundation for Management and Industrial Research и др. Истражувачкиот интерес е главно насочен кон студиите за младите и жените во земјата, нивните работни ставови и вредности; преференци, перспективи и бариери за образование и вработување; мобилност/миграција итн.
Како член на работна група и консултант учествувала во креирањето на Националната стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри (2013-2020) и Националната стратегија за млади (2015-2026). Од 2018 е на листата на меѓународни експерти во Агенцијата за контрола и обезбедување на квалитет во високото образование на Црна Гора.
Линк за билтен 1242-15.07.2021.pdf (ukim.edu.mk)