
Професорка д-р Ганка Цветанова е назначена за претседател на Советот за култура. Ова советодавно тело при Министерството за култура и туризам ќе има клучна улога во дефинирањето на стратешките цели во областа на културата како и при креирањето на културните политики, акциските планови и мерките за унапредување и развој на сите сфери во културата.