Асс. м-р Теа Конеска-Василевска

Асс. м-р Теа Конеска-Василевска

Асс. м-р Теа Конеска-Василевска е родена на 11.12.1985 година во Скопје. Таа е асистент-истражувач во областа на комуникациите и медиумите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Во поглед на професионалната дејност, има и долгогодишно работно искуство во областа на медиумите и издаваштвото како координатор, уредник, јазичен коректор и рецензент.

Конеска-Василевска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност (научна насока), каде што се стекнала со стручниот назив дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност, добивајќи и пофалница за постигнат висок успех при студирањето. Магистрирала на групата Комуникации на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, со просечен успех 9,88, и се стекнала со стручниот назив магистер по комуникации.

Тековно, Конеска-Василевска е студент на последната година од докторските студии на студиската група Медиуми и општество во рамките на Департманот за комуникологија и новинарство при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Р. Србија. Во рамките на третиот циклус студии, таа има остварено и студиски престој со добивање грант во Роскилде, Данска, при Европската летна докторска школа по комуникации и медиуми на Европската асоцијација за комуникациски истражувања и едукација (ECREA), а во организација на Докторската школа за комуникации и уметности при Универзитетот во Роскилде.

Во рамките на својата академска кариера и во рамките на работното место како асистент-истражувач, Конеска-Василевска има учествувано во национални и меѓународни научноистражувачки проекти, на домашни и меѓународни научни конференции и симпозиуми и во широк спектар на други наставно-научни, стручни и стручно-применети активности. Исто така, таа се има научно и стручно усовршувано и преку учество на разни симпозиуми и семинари/вебинари, како и во рамките на разни обуки и работилници. Конеска-Василевска има објавено научни и стручни трудови во домашни и странски, меѓународни научни списанија, зборници од конференции и научни монографии, како автор и коавтор.

Конеска-Василевска е член на: Мрежата на млади истражувачи во рамките на Глобалната мрежа за ризично новинарство (GRJH), Европската асоцијација за комуникациски истражувања и едукација (ECREA), Меѓународната асоцијација за медиумски и комуникациски истражувања (IAMCR), Европската мрежа за културно наследство (EUROPEANA), а дел е и од листата експерти на Агенцијата за контрола и обезбедување квалитет на високото образование на Црна Гора (AKOKVO).

 

Е-пошта: tea.k@isppi.ukim.edu.mk

 

Линк до Билтенот на УКИМ од последниот избор во звање:
https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2023/1291-15.09.2023.pdf