
Асс. м-р Тијана Ангова Хаџиева е родена на 09.08.1994 година во Струмица. Работи како асистент во научно-наставната областа Казнено право на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во 2016 година, со просечна оценка 9.88, стекнувајќи се со стручниот назив дипломиран правник (LL.B). Во 2018 година, го завршува вториот циклус студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со просечна оцена 10.00 и успешна одбрана на магистерски труд на тема „Медицинско-фармаколошкото лекување vis-a-vis Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи“, со што се стекнува со стручниот назив магистер по право од областа на казненото право (LL.M).
По завршување на студиите работи како адвокатски стручен соработник и потоа како адвокат во Адвокатско друштво Тортевски во Скопје, а подоцна како правен консултант во консултантско друштво АЦТ! Скопје, како координатор на електронскaта база на правни прописи ПРАКСИС и на бројни други проекти од портфолиото на компанијата од областа на трудовото, деловното законодавство, енергетиката и социјалната политика.
Ангова Хаџиева е студент на докторски студии од областа на Казненото право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во рамки на Школата за докторски студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје. Во рамките на својата досегашна кариера и образование, има учествувано на бројни домашни и меѓународни научни конференции, тркалезни маси, работилници, школи, натпревари, симулации од различни правни области. Автор е на научни и стручни трудови објавени во домашни научни списанија.
Е-пошта: tijana.angova@isppi.ukim.edu.mk
https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2024/1300-01.02.2024.pdf