Доц. д-р Блаже Јосифовски

Доц. д-р Блаже Јосифовски

Блаже Јосифовски е доцент на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што предава и истражува во областа на организациските науки, бизнис-менаџментот и управувањето со човечки ресурси. Покрај академската дејност, има долгогодишно професионално искуство во областа на јавните политики, управувањето со животната средина и граѓанскиот сектор, стекнато преку ангажмани во Националниот демократски институт, Министерството за животна средина и просторно планирање и низа меѓународни и граѓански организации.

Јосифовски докторирал во областа на организациските науки и менаџментот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје (2025), магистрирал во областа на управувањето со човечки ресурси на ИСППИ (2016), а дипломирал по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при истиот универзитет (2012). Се служи со англискиот (C2) и германскиот јазик (C1), а се усовршувал и преку повеќе меѓународни стипендии и програми, меѓу кои на Гете-институтот, програмата за лидерство (IVLP) на Стејт департментот на САД и Академијата за јавни политики на Шведскиот институт.

Во рамките на својата академска кариера и работно место, Јосифовски има учествувано и раководено во бројни национални и меѓународни научноистражувачки проекти, како и во широк спектар на стручни и стручно-применети активности, меѓу кои проекти поврзани со управувањето со ресурси, социјалниот развој и организациските науки. Учествувал на домашни и меѓународни научни конференции и симпозиуми и има објавено научни и стручни трудови во домашни и странски списанија, зборници и научни монографии, како автор и коавтор.

На Институтот изведува настава на втор и трет циклус студии по предметите Менаџмент, Вештачка интелигенција и организации, Деловна комуникација во ерата на вештачката интелигенција и Проектен менаџмент.

 

Е-пошта: blaze.j@isppi.ukim.edu.mk

Линк до рефератот во Билтенот на УКИМ за последниот избор во звање: https://archive.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2025/1331-01.06.2025.pdf

Приемен ден за консултации: Среда од 12:00 до 14:00 часот