Доц. д-р Иван Стефановски

Доц. д-р Иван Стефановски

Доц. д-р Иван Стефановски е доцент по применета политика на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирал политички науки и социологија на заедничка програма на универзитетите Скуола нормале супериоре и Универзитетот во Болоња. Негови истражувачки интереси се општествените движења, демократизацијата, политичката партиципација, политичките партии, антикорупциската мобилизација и демократските иновации во Југоисточна Европа, со особен фокус на Македонија и Западниот Балкан.

Пред да се приклучи на тимот на ИСППИ, работел во високо образование, граѓанско општество и меѓународни организации, вклучително и Националниот демократски институт (НДИ), набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР, а бил и извршен директор на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии. Автор е на научни трудови, поглавја во книги и анализи од областа на општествените движења, политичката трансформација, доброто владеење и изборниот интегритет на Балканот.

 

Е-пошта: ivan.stefanovski@isppi.ukim.edu.mk

Линк до рефератот во Билтенот на УКИМ за последниот избор во звање:
https://archive.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2025/1341-15.11.2025.pdf

Приемен ден за консултации: Среда од 10:00 до 12:00 часот