Доц. д-р Јован Близнаковски е доцент во областа од политички науки и работи во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) од 2019 година. Има докторат по политички науки од Универзитетот во Милано, Италија, и магистратура од Универзитетот во Љубљана, Словенија. Додипломските студии по политички науки ги има завршено на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има повеќегодишно работно искуство во македонскиот тинк-тенк сектор и е автор на повеќе студии за меѓуетничките односи во Македонија, за политичкиот клиентелизам во општествата на Западен Балкан, како и на извештаите „Нации во транзиција“ на Фридом Хаус за Македонија за 2017-2022. Ко-уредник е на збирките „Ние наспроти другите: Симболички поделби во Северна Македонија“ (ЦИНИК Скопје, 2020) и „Political Clientelism in the Western Balkans. Collection of Papers” (ИСППИ Скопје, 2021). Во периодот 2014 – 2016 ја изршуваше функцијата програмски директор на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС).
http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2021/1246-01.10.2021.pdf