Доц. д-р Милка Димитровска

Доц. д-р Милка Димитровска

Доц.д-р Милка Димитровска е доцент на областите Право на ЕУ и Човекови права и слободи на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа ги завршува правните студии на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, а  потоа се здобива со титула магистер по Право на европските интеграции на ТЕМПУС програмата на Правниот факултет во Белград при Универзитетот во Белград. Димитровска докторира на насоката Меѓународно право и политика на Правниот факултет при  Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола каде неколку години била асистент-докторант со обемни наставни активности.

Димитровска е автор на повеќе трудови, меѓу кои и монографијата „From Consociational to Majority Democracy in the Republic of (North) Macedonia”. Таа има петнаесетгодишна истражувачка кариера во полето на човековите права, демократијата, доброто владеење и европските политики и има учествувано во секоја фаза од истражувачки проекти – од нивната концептуална фаза до конечна реализација, вклучувајќи развивање методологија, теренска работа, подготовка извештаи, аналитичка работа итн.

 

Линк до последен избор во звање: https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2022/1267-01.09.2022.pdf