Доц. д-р Иван Блажевски е роден 1979 година во Битола. Докторирал на социолошки науки во 2011 година на Институтот за социолошки и политичко–правни истражувања. Неговото поле на научен и истражувачки интерес ги опфаќа: социологија на религија, социологија на морал, миграции, интеркултурна комуникација, методологија на истражување во општествените науки, девијантно однесување.
Во рамките на ИСППИ учествува во научноистражувачките проекти и во наставните активности на студиите од втор циклус, како и на студиите од трет циклус во рамките на Докторската школа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје. Автор е на голем број научни трудови објавени во меѓународни научни списанија, односно презентирани на меѓународни научни конференции. Покрај тоа, автор е на научно-популарни книги објавени од страна на домашни издавачи и странство. Како член на програмски и организациски одбор учествувал на повеќе меѓународни конференции, додека како член на истражувачки тим учествувал во повеќе истражувања и проекти. Бил ангажиран и за изведување на обуки и работилници за интеркултурна комуникации и менџмент.