
Редовен проф. д-р Анета Цекиќ работи во ИСППИ од 2007 година. Дипломира на Одделот за политички науки на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2004 година. Магистрира во 2008 година на тема од областа на етничките конфликти на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, каде и докторира во 2011 година на тема: Лобирање во институциите на Европската Унија и малите држави. Во моментот е доцент во областите Политички систем и Европска политика, со истражувачки интерес насочен кон: инте- ресни групи и лобирање, лобирање во Европската унија, демократија и демократизација, европ- ска политика и европеизација и етнички конфликти. Во 2010 година остварила едномесечен студиски престој на Универзитетот во Гент, Белгија, а во 2013 и 2014 година остварила постдокторски престој на Универзитетот во Салзбург, Австрија. Член е на Универзитетската асоцијација за современи европски студии и на Постојаната група за интересни групи при Европскиот кон- зорциум и за политички истражувања.
https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2020/1225-01.11.2020.pdf