Проф. д-р Драгор Заревски, доктор по филозофски науки, е роден во Скопје во 1972 година. Докторирал со
одбрана на дисертацијата насловена „Филозофија и етика на современото образование“ на Институтот за
филозофија, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје во 2005 година. Вработен е на
Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 2019 година е избран во звање редовен професор како наставник во наставно-научните области
Филозофија на политиката и Етика (Билтен бр. 1203 од 15.11.2019 год., линк:
http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2019/1203-15.11.2019.pdf ). Области на неговите истражувања
се: филозофија на политиката, етика, филозофија на образованието.
Во рамките на својот професионален ангажман предавал Филозофија на образованието, Педагошка етика и
Етичко образование на Филозофскиот факултет на УКИМ, потоа Филозофија, Етика, Естетика и Логика на
Педагошкиот факултет на УГД и Професионална етика на Факултетот за информатика на УГД, како и Етика на
Факултетот за ликовни уметности на УКИМ и Филозофија, Етика и Епистемологија на Универзитет „Евро-
Балкан“ - Скопје.
Ги извршувал следните функции и должности: Проректор за настава и в.д. ректор на Универзитетот „Евро-
Балкан“ – Скопје; Член на советот и в.д. генерален секретар на Независен академски синдикат (НАкС); Член
на Одборот за високо образование, наука и технолошки развој при Македонската академија на науките и
уметностите (МАНУ); Претседател на Државната матурска комисија по предметот Филозофија при Државен
испитен центар на Република Македонија. Автор е на поголем број стручни и научни дела и трудови,
учествувал на поголем број научни конференции, семинари, истражувања и проекти во земјата и во
странство.