Проф. д-р Ганка Цветанова

Проф. д-р Ганка Цветанова

Проф. д-р Ганка Цветанова е родена 1968 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во 1989 година. На истиот факултет магистрирала во 1994 година. Во 2006 година ја одбранила докторската дисертација под наслов: Културните разлики и општествената интеграција во Република Македонија на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и се стекнала со звањето доктор по социолошки науки. Во 2009 година избрана е за професор на постдипломските студии по социологија при Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања, а во 2010 година се вработува во Институтот како вонреден професор и виш научен соработник. Во 2014 година е избрана за редовен професор во областа социологија, како и нови медиуми и демократија. Раководител е на Центарот за комуникации, медиуми и култура, како и на студиската група Културата во ерата на кибернетиката.

https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2014/1088-14.11.2014.pdf

ganka968@yahoo.com