Проф. д-р Горан Јанев
Проф. д-р Горан Јанев вработен е во ИСППИ од 1995 декември. Во 1994 година дипломирал етнологија на Природно-математичкиот Факултет, УКИМ. Магистрирал социологија на ИСППИ, УКИМ во 1998 година. Постдипломски престој по социјална антропологија на Универзитетот во Оксфорд, 1998/99 година. Јанев бил наставен соработник по македонски студии при Школата за Славистички и Источно Европски истражувања, Универзитет Колеџ Лондон во 2003/04 го- дина. Докторирал социјална антропологија во 2006 година на Универзитетот во Оксфорд. Бил постдокторант во Макс Планк Институт за истражување на религиозни и етнички различитости, 2008-2011 година.
Моментално работи како вонреден професор по социјална антропологија Поле на интерес: политичка антропологија, урбана антропологија, глобализација и јавни простори. Член е на Европската асоцијација на социјални антрополози, на Меѓународното здружение на фолклористи и етнолози и на Меѓународното здружение на антрополошки и етнолошки науки.
https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2019/1192-15.05.2019.pdf