Конкурс за доделување на стипендии за втор циклус на студии

 

Повик за меѓународна научна конференција:
The impact of the quality of institutions on sustainable development – 23-24 Mај 2024

(Институт за општествени науки – Белград, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје,
УКИМ, и Правен факултет, Универзитет во Зеница)

преземи

Проф. д-р Јорде Владимир Јаќимовски

Проф. д-р Јорде Владимир Јаќимовски

Проф. д-р Јорде Владимир Јаќимовски е роден на 29.10.1950 година, во село Длабочица – Куманово. Дипломирал на Земјоделски факултет во 1974 година. Магистрирал во 1978 година, a докторирал во 1986 година. Во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања се вработил како асистент на 1.3.1979 година, во Социолошкото одделение. Во звањето научен соработник е избран во 1983 година, а за виш научен соработник е избран во 1987 година. Во 1992 година е избран за научен советник, а преизбран во 1998 година. Во 1993 година е избран во наставното звање редовен професор, а во 1999 година е преизбран за редовен професор.

Од 1986 до 2012 година е раководител на Социлошкото одделение во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, а од 2012 година раководи со Центарот за развој на на заедницата. Од 20.6.1994 до 15.3.1999 година беше директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје. Од 2004 до 2006 е член на Одборот за акредитација на високото образование. По повод одбележувањето на 24. Мај 2008 година добитник е на ПЛАКЕТА за афирмација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во земјата и во странство.

Од 13.09.2006 – 30.03.2015 година  повторно е избран  директор на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања, Скопје.

Од 2014 година е раководител на студиската програма Социологија на окружувањето - докторски студии и студиската програма Општествен развој - втор циклус - постдипломски студии.

Проф. Јаќимовски обавува настава по предметите: социологија на населбите, економска социо- логија, развојна економија, економика на трудови ресурси, системи на наградување, популациона политика, социологија на окружувањето и менаџирање со перформансите и системи за награ- дување. Работи во области: регионален и локален развој, структура на популацијата и социјална диференцијација, животен стандард и одржлив развој и пазар на трудот.

Член е на Издавачкиот совет

  • Главен и одговорен уредник на неколку броја на Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.
  • Научно стручен часопис: Школа Бизниса, Нови Сад, Србија.
  • Bulgaria Rustticana, Institute for Study of Societies and Knowledge at the Bulgarian Academy of Sciences

Проф. д-р Јаќимовски има објавено 21 книга или монографија, 65 труда во домашни списанија и публикации и 41 статија во странски списанија и публикации. Јаќимовски раководел и учествувал во реализација на 47 научно-истражувачки проекти и организирал и соорганизирал 9 меѓународни научни конференции. Има учествувано на 15 европски и светски научни конгреси и конференции и 38 научни конференции во земјата и во странство.

jakjor@isppi.ukim.edu.mk