Јован Близнаковски е вонреден професор во научната област Компаративни политики во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде работи од 2019 година. Има докторат по политички студии од Универзитетот во Милано, Италија, и магистратура од Универзитетот во Љубљана, Словенија. Додипломските студии по политички науки ги има завршено на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ.
Неговото истражување се фокусира на врските меѓу партиите и гласачите во постсоцијалистичка Европа, со посебен акцент на политичкиот клиентелизам, популизмот и етничката мобилизација, како и во нивниот однос со програматската политика. Учествувал во водечки меѓународни истражувачки проекти – Компаративното истражување на изборни системи (CSES), Проектот за демократска отчетност и врски (DALP) и Европското општествено истражување (ЕОИ). Во моментов е раководител на постдипломските студии по политички науки на ИСППИ и предава предмети од областите Компаративни политики и Методологија на политичките науки на студиите од втор и трет циклус. Претходно ги извршувал функциите заменик-директор на ИСППИ (2022-2025) и програмски директор на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (2014-2016).
Е-пошта: jovan.b@isppi.ukim.edu.mk
Линк до рефератот во Билтенот на УКИМ за последниот избор во звање:
https://archive.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2026/1353-15.5.2026.pdf
Приемен ден за консултации: Среда од 12:00 до 14:00 часот