Проф. д-р Мирјана Борота Поповска

Проф. д-р Мирјана Борота Поповска

Д-р Mирјана Борота Поповска - редовен професор. Родена во Скопје. Во 1991 година дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје ННГ за филозофија, со просечен успех 9,1. На постдипломски студии по Менаџмент на човечки ресурси при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, во јули 1995 со успех го одбранила магистерскиот труд: „Деловната етика во организациите  во периодот на транзиција во Република Македонија“.Пост- дипломските студии ги завршува со просечен успех 10. Докторската дисертација, со наслов Менаџментот на промени и човечкиот потенцијал ја одбранила во мај 1999 година.

Мирјана Борота Поповска во текот на својот професионален развој ги посетувала и со успех ги завршила повеќе форми на образование/усовршување, што се релевантни за унапредување на приодот во наставата. Исто така, била добитник на три угледни меѓународни стипендии: ТЕМПУС

  • стипендија за индивидуална мобилност (1998), ХЕСП Mobility Grant (2002), ЈФДП (Junior fellow- ship Program) од Владата на САД (2004).

Од 1.6.1993 година е вработена во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје.

Од 1999 година го раководи Центарот за развој на менаџмент и човечки ресурси при Институтот, каде што ја реализира научноистражувачката дејност. Претседател на Советот на Институтот била во периодот 2005-2008 година. Од 2002 до 2006 година е претседател на Самоевалуациската комисија на Институтот.

Позицијата директор на Институтот ја извршува во периодот март 2015 - јануари 2018 година.

Области на професионален  (научноистражувачки)  интерес на д-р Мирјана Борота Поповска се менаџмент на човечки ресурси, стратегиски менаџмент, стратегиски менаџмент на човечки ресурси, организациско однесување, менаџмент на промени, деловна етика и сл.

Во текот на изминатите години таа има учествувано во повеќе проекти и научноистражувачки активности од меѓународен и домашен карактер, главно во областа на организациските науки и управување (менаџмент), како во приватниот, така и во јавниот сектор, особено за менаџментот во централната и локалната власт. Во рамките на овие проекти учествувала во сите истражувачки фази, а на повеќето била раководител. Во овој период учествува на голем број конференции и објавува научни и стручни трудови, како во меѓународни, така и во домашни списанија.

https://isppi.ukim.edu.mk/sites/default/files/2023-12/izbor%20vo%20zvanje%20borota.pdf

mborota@isppi.ukim.edu.mk