Проф. д-р Ружица Цацаноска

Проф. д-р Ружица Цацаноска

Проф. д-р Ружица Цацаноска е вработена во ИСППИ од 1987 година. Дипломирала во 1987 година на Филозофскиот факултет на УКИМ во Скопје. Посдипломските студии ги завршила на Факултетот за политички науки, на Универзитетот во Белград. Докторирала во ИСППИ на тема Протестантизмот во Македонија.

Цацаноска е редовен професор и научен советник во ИСППИ.

Истражувала и пишувала на теми од областа на социологија на религијата, социологија на мора- лот и методологија на општестените истражувања.

Раководител е на постдипломските студии на социологија – менаџмент на општествените промени, при ИСППИ. Професор е по следниве предмети: општа социологија, социологија на религија (Православен теолошки факултет – Скопје), методологија на општественото истражување, ака- демско пишување.

Автор е на повеќе научни трудови објавени во земјата и во странство. Член е на Уредувачкиот одбор на списанијата: „Occasional Papers on Religion in Eastern Europe“ и „Teme“.

https://isppi.ukim.edu.mk/sites/default/files/2023-12/izbor%20vo%20zvanje%20cacanoska.pdf

ruzica-c@hotmail.com