Проф. д-р Бојана Наумовска е родена 1983 година во Скопје. Во соработничко звање помлад асистент при Институтот за социолошки и политичко–правни истражувања е избрана во 2011 го- дина и оттогаш е во редовен работен однос. Во 2013 година е избрана во наставно-научно звање доцент во областите политички партии и јавно мислење.
Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2005 година на Катедрата по политички науки. Со научен степен магистер на политички науки се стекнува во 2008 година со одбраната на магистерскиот труд на тема: Политичка анализа на процесот на воведување религиско образование во Република Македонија на ИСППИ-УКИМ, а во 2011 година се стекнува со научен степен доктор на политички науки со јавната одбрана на докторската дисертација на тема: Влијанието на изборните модели врз малите политичка партии во Република Македонија на ИСППИ-УКИМ.
Во текот на својата кариера, таа активно учествува во научноистражувачката работа на Институтот, како и во наставните активности на постдипломските студии по политички науки и комуникации на ИСППИ и докторските студии социологија на организација и демократија во ера на глобализација во рамките на Докторската школа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје.
Има објавено повеќе од 20 научни трудови од областа на политичките науки, во домашни и меѓународни научни списанија и публикации и континуирано учествува на домашни и на меѓуна- родни научни средби и конференции. Како член на истражувачки тим учествувала во повеќе домашни и на меѓународни проекти.
Области/теми од посебен научен интерес се: политички партии, политички системи, јавно мислење, медиуми и политика.
https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2022/1269-01.10.2022.pdf