Вонр. проф. д-р Весна Забијакин - Чатлеска

Вонр. проф. д-р Весна Забијакин - Чатлеска

Вонр.проф. д-р Весна Забијакин - Чатлеска е родена 1967 година во Скопје. Дипломирала на Фило- лошкиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси ги завршува при ИСППИ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2007 година магистрирала на студиите по менаџмент на човечки ресурси во ИСППИ, а во 2013 година, од истата област ја одбранила докторската дисертација. Во текот на своето работно искуство, работела како професор во средно училиште, а потоа како проектен менаџер во приватна компанија. Учествувала на бизнис-форуми и работилници во странство. Била ангажирана како консултант во македонски компании, како и обучувач на семинари за менаџерски вештини во национални и меѓународни проекти. Свои трудови презентирала на меѓународни научни конференции и списанија, а учествувала и во домашни и меѓународни научноистражувачки проекти. Во 2013 година е избрана во соработничко звање асистент, а во 2015 година во наставно- научно звање доцент во областите претприемништво и бизнис-менаџмент при ИСППИ. Поле на научен и истражувачки интерес: стратешки менаџмент на човечки ресурси, претприемништво, менаџмент на човечки ресурси во мали фирми. Член е на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2019/1204-01.12.2019.pdf

vesna.catleska@isppi.ukim.edu.mk