Асс. м-р Блаже Јосифовски

Асс. м-р Блаже Јосифовски

Асс. м-р Блаже Јосифовски е асистент-истражувач во областа: наука за организација, бизнис-менаџмент и управување со човечките ресурси на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Во поглед на професионалната дејност, има и работно искуство во граѓанскиот сектор, државната управа и како консултант.

Од 2012 година е дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а во 2016 година магистрирал на менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (ИСППИ), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Од декември 2020 година, студент е на трет циклус универзитетски студии по организациски науки и управување (менаџмент), во рамки на Докторската школа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во рамките на својата академска кариера и во рамките на работното место како асистент-истражувач, има учествувано во научноистражувачки проекти, на домашни и меѓународни научни конференции и во друг спектар на наставно-научни и стручни активности. Блаже Јосифовски има објавено научни и стручни трудови во домашни и меѓународни научни списанија, зборници од конференции и научни монографии, како автор и коавтор.


 

Е-пошта: blaze.j@isppi.ukim.edu.mk

 

Линк до Билтенот на УКИМ од последниот избор во звање:
https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2022/1267-01.09.2022.pdf