Проф. д-р Елеонора Серафимовска

Проф. д-р Елеонора Серафимовска

Проф. д-р Елеонора Серафимовска, редовен професор, родена на 2.7.1971 година во
Скопје, работи во ИСППИ од 1996 година. Во 1995 година ги завршува студиите по
психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а со степен магистер по психолошки
науки на истиот факултет се здобива во 2006 година (област социјална/политичка
психологија). Во 2010 година го одбранила докторскиот труд на ИСППИ од областа на
комуникациите и истражување на публиката. Истражувачкиот интерес на проф. д-р
Елеонора Серафимовска е во областа на комуникациите со фокус на масовните
комуникации, и интерсекцијата помеѓу политичката, социјалната психологија и
медиумската психологија. Резултат на нејзиниот научно-истражувачки интерес е
учеството на голем број домашни и меѓународни проекти, како и научни конференции
во земјата и во странство. Автор е на голем број стручни и научни трудови објавени во
меѓународни списанија и/или презентирани на меѓународните конференции. Во 2006
година е еден од основачите на Психолошката лабораторија при постдипломските
студии на ИСППИ, прва од ваков вид во земјата, а од 2012 е член на Комората на
психолози на Република Македонија. Проф.д-р Елеонора Серафимовска е пионер во
процесот на адаптацијата и стандардизацијата на психолошки тестови на македонски
јазик. Верува и се залага за хумана и здрава комуникација и еко-вредности во
животната средина како основа на човечкото функционирање.

Линк од Билтен за избор од последно звање
http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2020/1212-01.04.2020.pdf

eleonora@isppi.ukim.edu.mk