Недела на квалитет (мај 2024 година)

Недела на квалитет

Од 20 до 22 мај 2024, во Институтот за социолошки политичко-правни истражувања во Скопје се одржa „Недела на квалитет“, односно збир на работилници за обезбедување квалитет во рамки на Еразмус+ проектот Заедничка студиска програма по политички науки JoPScip.

1


Освен тимот од ИСППИ, во работата зедоа активно учество колегите од Универзитетот во Салцбург, Австрија; Институтот за јавни работи на Грузија; Државниот универзитет во Тбилиси, Грузија; Државниот универзитет во Ереван, Ерменија и Меѓународниот универзитет на Евроазија, Ереван, Ерменија.

2

Во рамки на работниот пакет за обезбедување на квалитет, за кој претставничка на ИСППИ е проф. д-р Маријана Марковиќ, се дискутираа повеќе клучни прашања како: акредитација/евалуација на програмата, меѓуинституционалниот договор меѓу партнерите за спроведување на заедничка програма, структурата на програмата, елементите на курикулумите, како и резултатите од учењето.

3