На 19.11.2024 во просториите на Ректоратот на УКИМ беше одржан Отворен ден на кој ИСППИ ја претстави заедничката, меѓународна мастер програма по Политички науки PosIG и JoPScip.
Со завршувањето на оваа програма, студентите се стекнуваат со заедничка диплома (joint degree) од УКИМ и партнерските универзитети.
Проф. д-р Анета Цекиќ во презентацијата го опфати развојот на концептот, соработката и операционализацијата на ваквата програма.
На настанот говореа и: Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, Проректорката за настава проф. д-р Соња Топузовска и проф. д-р Марија Календар (ФЕИТ).
Темата предизвика значаен интерес, па во дискусијата зедоа учество голем број од присутните претставници на единиците на УКИМ, Ректоратот, Националната агенција за квалитет во високото образование и Министерството за образование и наука.



