Проф. д-р Петар Атанасов

Проф. д-р Петар Атанасов

Проф. д-р Петар Атанасов  oд 1990 до 1994 година работи како новинар во Македонската телевизија, најпрвин во Информативната програма, а потоа и во Редакцијата за надворешна политика. Од 1994 до 2001 година работи во Министерството за одбрана како советник за односи со јавноста и портпарол на министерот, а потоа и како уредник во издавачката дејност на Министерството. 

Кон крајот на 2001 година се вработува во Институтот за социолошки и политичко-правни ис- тражувања како асистент истражувач, со завршени постдипломски  студии на Филозофскиот факултет по социологија на етнички групи. Во 2011 е промовиран во редовен професор по со- циологија и комуникации. Предавал повеќе предмети: социологија, општествени промени, мултикултурализам, глобализација и комуникации и менаџмент на промени. Од 2011 година предава методологија на научни истражувања и дизајнирање на научен проект на неколку групи на постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Пишува главно за социо-економскиот развој, образованието, културната и социјална исклученост, човековиот развој, мултикултурализмот,  идентитетот, етничките конфликти, безбедноста и пост-конфликтната  рехабилитација.  Учествува во повеќе научноистражувачки  проекти на полето на политичката култура, демократизацијата,  инклузивноста на општеството, дискриминацијата и предрасудите,  граѓанското општество, сегрегацијата  и образованието,  децентрализација  и локална самоуправа, корупција и меѓуетнички односи. Раководител е на докторскиот студиум по Социологија на организацијата.  

Од 2004 до 2006 предавал мултикултурализам на постдипломските студии за човекови права на Универзитетот во Сараево во соработка со Универзитетот во Болоња, проект финансиран од Европската унија. Од 2008 до 2010 е визитинг професор на Универзитетот Американ колеџ во Скопје. Од 2012 година е член на Бордот на научното списание Политичко однесување и за политички анализи од Букурешт на Југоисточна Европа.

p.atanasov@isppi.ukim.edu.mk

http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2011/1000-17.01.2011.pdf