НАСТАНИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2024: МАНУ и УКИМ во одбрана на македонскиот јазик

МАНУ и УКИМ

На 21.11.2024 во просториите на МАНУ беше одржана академска работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“, во коорганизација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ - Скопје и Центарот за ареална лингвистика при МАНУ.

Темата беше обработена од политиколошки, социолошки, психолошки, комуниколошки, правен и лингвистички аспект, додека во дискусијата беше активно вклучена и стручната публика.

Работилницата е дел од активностите на проектот „Негирањето на посебноста на македонскиот јазик како политички говор на омраза“, раководен од проф. д-р Ганка Цветанова од ИСППИ.

Настанот го водеа проф. д-р Ганка Цветанова (ИСППИ) и академик Марјан Марковиќ (МАНУ), а свои обраќања и презентации изложија и следните претставници на ИСППИ: проф. д-р Бојана Наумовска, проф. д-р Елеонора Серафимовска, проф. д-р Маријана Марковиќ и доц. д-р Милка Димитровска.

МАНУ и УКИМ 1

МАНУ и УКИМ 2

МАНУ и УКИМ 3

МАНУ и УКИМ 4

МАНУ и УКИМ 5

МАНУ и УКИМ 6

МАНУ и УКИМ 7