
Мрежата е основана во 2016 година од страна на научни и образовни институции од Србија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Германија, а има за цел да развива соработка на научните и стручните чинители во областа на социјалната инклузија и мултикултурни општества.
На настанот говореа:
проф. д-р Бојана Наумовска, директорка на ИСППИ
д-р Горан Башиќ, директор на Институтот за општествени науки во Белград и претседател на АМСЈИЕ
проф. д-р Мирјана Најчевска, експертка за човекови права
м-р Љуан Имери, модератор.
Својот исклучително значаен, содржински и длабински придонес за темата го дадоа присутните претставници од: Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, Народниот правобранител, Државниот завод за статистика, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ХЕРА, Младинскиот сојуз, како и колегите од ИСППИ - проф. д-р Марија Топузовска Латковиќ и проф. д-р Петар Атанасов.
Повеќе за АМСЈИЕ и меѓународната соработка на линкот: https://ancsee.org/